Величковски: Комисијата за 24 декември може да работи и без претседател
Комисијата за настаните од 24 декември може да продолжи да работи и без ретседател. Претседателот на Либералната партија на денешната прес конференција ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја пдоролжат работата и покрај тоа што Давитковски си поднесе оставка.
„„Ги повикувам и двете парии да најдат доволно сили за да ги надминат разликите согласно својата обврска пред граѓните, интеграции да не запрат. Ако на ова прашање не можеме да најдеме решение, што останува за уште потешките предизвици со кои може да се соочиме во иднина?“ - прашува Величковски кој додава дека надминувањето на проблемот на Комисијата ќе биде понагласен доколку тоа го поттикнуваат сите пратеници во Собранието.
„Учеството на Давитковски ќе го дефинира самиот тој. Но деблокадата на Комисијата е можна и само со работата на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и донесувањето на заклучоците и препораките на Комисијата. Впрочен тоа и го сугрира Европската Унија“ - вели Величкоски
Работата на комисијата за 24 декември е блокирана повеќе од една недела откако нејзиниот претседател, Борче Давитковски си поднесе оставка. ВМРО-ДПМНЕ повика комисијата да продолжи со работа и без претседателот. СДСМ, како што рече премиерот првично се согласиле со ова, но потоа го промениле ставот. Официјално, од Бихаќка изјавија дека без претседател нема Комисија.
Повик, комисијата да продолжи со работа без претседателот Давитковски упати и официјален Брисел.