Македонија продолжува со соработката со Германија во областа на здраството

 

Јовица Андоновски, заменикот министер за здраство на Македонија, е во работна посета во Германија каде што ќе јапосети германската сојузна покраина Хесен. Анодновски ќе размени искуства во функционирањето на двата здраствени система. Целта на ваквата посета е обука и едукација на лекарите и медицинските сестри од Република Македонија во реномираната германска клиника која е специјализирана за грижа на ургентни пациенти.  На клиниката веќе се одржуваат работилници на кои присуствуваат и се обучуваат бројни специјалисти во светски рамки.

 Дополнително, по посетата на различните одделенија на клиниката во Дармаштат, менаџментот на клиниката го изложи концептот за новата клиничка зграда и сите процеси во врска со нејзината градба.
- По склучените меморандуми за соработка и праќањето специјалисти на едукација и обука во универзитетските клиники во Хамбург (Епендорф) и во Баварија (Нирнберг), оваа посета во Хесен (Дармштат) претставува продолжување на соработката на Министерството за здравство на Република Македонија со најреномираните германски здравствени установи со цел подигнување на нивото на знаења и вештини на македонските здравствени работници и подобрување на здравствената грижа на пациентите во Република Македонија, се наведува во соопштението. 

најчитано сега