Двајца дилери паднаа во рацете на македонската полиција

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против 33-годишниот Г.Н. и 25-годишниот Ф.М. од Свети Николе за неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога марихуана, наменета за улична продажба.

Како што соопшти МВР, за стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичен законик на Република Македонија од страна на судија на претходна постапка на Г.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Ф.М. одредена му е мерка-обврска да се јавува во суд.

На 16 јуни тие од непознати лица, за сума од 800 евра, набавиле наркотична дрога марихуана со нето маса од 997,4 грама. Околу 18:00 часот на наплатната рампа „Петровец“ полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога се обиделе да го запрат возилото марка „Хонда Цивик“ со светиниколски регистарски ознаки.На возачот Г.Н. му биле дадени јасни наредби за застанување, но тој не ја почитувал наредбата, го стартувал возилото и удрил во полицискиот службеник со намера да го прегази.

Пријавените се дале во бегство во правец кон Аеродромот „Александар Велики“, додека полициските службеници од Единицата го следел возилото и забележале дека после наплатната рампа во правец кон Куманово Ф.М. од неговиот прозор покрај самиот магистрален пат исфрлил жолта ќеса со наркотична дрога марихуана. По неколку километри возилото било сопрено, двајцата се приведени по што со нив бил извршен службен разговор во кој тие делумно го појасниле начинот на извршувањето на кривичното дело, стои во соопштението од МВР. 

 
 
03.07.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега