Битолчанец остана без бизнис преку ноќ

На 2 јули околу 4 часот и 30 минути телефонски во полицијата во Битола било пријавено дека на улицата „Младински Бригади“, од засега непознати причини настанал пожар во колонијална продавница (киоск) „ДООЕЛ-2“, на 36-годишниот М.Г.која целосно изгорела. 

Околу 5 часот, пожарот бил локализиран од екипа на противпожарната единица Битола.

Во пожарот нема повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

 
 
02.07.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега