Скопјанец во шок: Му украдоа 2 милиони денари

На два милиони денари е проценета материјалната штета направена при тежок грабеж во стан во Скопје.

Како што соопшти МВР, околу 18 часот и 50 минути вчера 59-годишниот Д.С.пријавил дека дента на улицата „Пандил Шишков“ во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата на неговиот стан и извршил тешка кражба. Тој пријавил дека му биле одземени ловечка пушка „ИЖ“ 27 ЕМ-М, калибар 12мм, ловечки карабин „Штаер Манлихер“ 300 МАГ кој оштетениот ги поседувал со дозвола, 800 евра, една метална каса марка „Емо“ во која имало околу 17.000 евра, 3.500 швајцарски франци, 2.000 американски долари и разновиден златен накит.

Материјалната штета се проценува на околу 2.000.000 денари.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
02.07.2016 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега