Група дечиња од СОС детското село на летување во Италија

Четириесет деца згрижени во СОС Детско село, две недели ќе летуваат во летниот камп во Калдонацо во Италија со помош на Техномаркет и брендот Индесит кои ги обезбедија трошоците за патувањето, а воедно и на децата им доделија летни реквизити со практична намена кои ќе им го разубават престојот во кампот.

- Заедно со брендот Индесит се вклучивме во овој проект затоа што акциите од општествено одговорен карактер се од големо значење за нашата компанија. Основната цел според која се раководиме е да придонесуваме во заедницата во која функционираме. Благодарноста и радоста во очите на децата поради нашата скромна помош, е само дополнителна причина за да продолжиме да учествуваме во ваквите проекти и да градиме среќна и сигурна иднина за нив, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер на Техномаркет.

- Оваа година успеавме по втор пат да испратиме дечиња во летниот камп Калдонацо во Италија. Благодарност на компанијата Техномаркет и брендот Индесит кои ги обезбедија трошоците за патувањето и со тоа им го исполнија сонот на дечињата од нашето Здружение, изјави Јулијана Гапо, директорката на СОС Детско село.

ФОТО: Алсат

најчитано сега