Десерт за цело семејство: Ресана бомбици

 

Ресаната може да ви послужи за да направите прекрасен специјалитет со кој ќе надополните семејниот ручек.

СОСТОЈКИ:

 

  • 500 гр ресана
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр сечкани ореви
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр желе
  • 200 гр млеко
  • ½ маргарин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

 

  1. Ресаната се сече на 4 дела, се додаваат оревите, сувото грозје, желето и маргаринот кој претходно ќе го растворите во млекото.
  2. Добро се меша и се обликуваат бомбици.
  3. Пред да ги послужите оставете ги кратко во фрижидер да се стврднат.

 

 

 
 
01.07.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега