Владата е најактивна македонска институција на Твитер

 

Владата на Република Македонија е рангирана на 49-тата позиција како најактивна македонска институција на Твитер. Освен Владата, другите институции од Република Македонија воопшто не се категоризирани на првите 50 позиции во истражувањето Twiplomacyкое го спроведе компанијатаBurson-Marsteller.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Burson-Marsteller, е светски познатата компанија за односи со јавност и комуникации, која ја претстави годишната глобална студија  Twiplomacy” (http://twiplomacy.com) за активноста на светските лидери на Твитер. Студијата покажа дека повеќе од 3/4 (77.7%) од светските лидери имаат Твитер акаунт и 2/3 (68%) се поврзале со своите колеги на Твитер.

 Годинешнава глобална студија “Twiplomacy” (http://twiplomacy.com) покажа дека американскиот претседател Барак Обама (@BarackObama), се уште, е најследениот светски лидерна Твитер со повеќе од 33 милиони следбеници. Но, додека речиси третина (148) од светските лидери и влади го следат твитерот на Барак Обама, тој не е најдобро поврзан лидер. @BarackObama заеднички следи само два светски лидери –Јенс Столтенберг, Норвешка и Дмитриј Медведев, Русија. Твитер акаунтитена Белата Куќа (@WhiteHouse) и на Стејт Департментот(@StateDept)ги следат 132 и 99 пеери(следбеници од ист ранг), но тие исто така, многу малку ги следат светските лидери: Белата Куќа следи три други светски лидери а Стејт Департментот не следи ниту едно Министерство за надворешни работи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Турскиот претседател Абдула Ѓул (@cbabdullahgul) и премиеротРеџепТаипЕрдоган (@RT_Erdogan) се меѓу најдобрите пет светски лидери со најголем број следбеници, повеќе од 3.4 милиони секој од нив.

 Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, @CarlBildtе најдобро поврзаниот светски лидер кој го следат 44 пеери. Европската служба за надворешна акција (@eu_eeas) е најдобро поврзана странска служба со 36 меѓусебни конекции следени од Полското Министерство за надворешни работи (@PolandMFA), Британското(@ForeignOffice)и Француското Министерство за надворешни работи (@FranceDiplo‏).

 Студијата покажува како Твитер и социјалните медиуми, генерално, станаа дел од секоја интегрирана владина комуникација“, вели Џереми Галбраит, извршен директор на Burson-Marstellerза Европа, Среден Исток и Африка. „Иако Твитер не е единствен канал на комуникација и нема да ги замени состаноците „лице – в – лице“, сепак овозможува директна интеракција меѓу луѓето. Очекувам да се зголеми бројот на компании и извршни директори кои, исто така, ќе прифатат нови алатки за поврзување со нашите светски лидери“, вели тој.

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Студијата покажува дека Твитер стана импресивна комуникациска алатка за светските лидери. Иако не комуницира, акаунтот на Папата (@Pontifex) покажува феноменален раст во последните шест месеци, како што е акаунтот на претседателот на Индонезија, Сусило Бамбанг Јудхојоно(@SBYudhoyono)и на Венецуелскиот претседател, Никола Мадуро (@NicolasMaduro), кој заедно се приклучија кон Твитер во март 2013 година и сега се рангираат меѓу 20-те најследени светски лидери. Дури и неактивните акаунти на претседателката на Бразил, Дилма Русев (@DilmaBR)и на францускиот претседател, Франсоа Оланд (@FHollande), кои го суспендираа Твитер по нивниот избор, покажуваат раст на нивните следбеници.

„Луѓето сакаат да бидат во контакт со нивните лидери на Твитер“, забележува Матијас Лифкенс (Matthias Lüfkens), претставник на Burson-Marsteller’s Digital Practice Leader EMEA и автор на извештајот „Сепак, зачудувачки е да се види дека акаунтите со најголем број следбеници имаат најмала интеракција со своите Твитер корисници“.

Постојат 227 лични акаунти и 76 светски лидерски твитаат лично, иако многумина од нив тоа го прават само повремено. Седум од Г8 лидерите имаат персонален Твитер акаунт и сите од властите на земјите Г20  имаат официјално ТВ присуство.

најчитано сега