СДСМ: Реториката на ЕУ кон Македонија станува поостра

 

Се заострува реториката на европските претставници кон Македонија поради нереализираните обврски, а власта глуми дека не ги разбира пораките, обвини денеска СДСМ.

Како што рече потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, партијата смета дека Македонија во подолг временски период го загуби правецот кон евроатлантските интеграции.

Тој додаде дека нема промена на пораките, реториката и очекувањата на Брисел од Македонија.

Манчевски се осврна на излагањето на литванскиот амбасадор Ренатас Јушка во кое, според него, детектираше назадување во повеќе области, како и на средбата на премиерот Груевски со министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ Линас Линкевичиус од која, како што рече, не е пренесена пораката што тој лично ја соопштил, дека „топката е кај Македонија и тоа е важно да се знае“.

најчитано сега