Драма на бензиска во Куманово: Вработен повреден откако бил нападнат од четворица муштерии

Четворица кумановчани добија кривични пријави поради основано сомнение за насилство. СВР Куманово поднесе кривични против Р.Ј.(29), М.О.(33), М.О.(34) и Б.И.(35).

Пријавените на 31.05.2016 година, околу 03,40 часот заминале во ресторанот кој е во склоп со бензинската пумпа „Лук Оил“ на автопатот Куманово-Скопје кај с. Романовце при што првопријавениот отишол до шанкот каде се наоѓал оштетениот во својство на шанкер и со истиот веднаш започнал вербална расправија по што второпријавениот физички го нападнал удирајќи го по главата и телото и извлекувајќи го од позади шанкот каде започнале и останатите пријавени да го удираат по главата и телото при што му се нанесени телесни повреди.

 

 
 
20.06.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега