Сообраќајка на булеварот Илинден - едно лице на КАРИЛ

Во 1 часот и 12 минути во Скопје, на раскрсницата од булеварот „Илинден“ и „Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од 27-годишниот А.Д. од Скопје и возило „Фиат Стило“ со кривопаланечки регистерски ознаки управувано од страна на 26-годишниот Д.Ј. од Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. кој бил пренесен и задржан на „КАРИЛ“.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
19.06.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега