Многу сообраќајки за продолжениот викенд: Две лица итно на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот и 35 минути се случила сообраќајка на регионалниот пат Карбинци-Штип кога возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистерски ознаки управувано од 26-годишниот В.М. од Штип се судрило со возило „Сеат Толедо“ со штипски регистерски ознаки управувано од 42-годишниот Ц.Н. од Пробиштип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката во Сеатот, 61-годишната К.Г. при што со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниките во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
19.06.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега