Со палки, ножеви и чекани им заѕвониле на врата во скопски Чаир

СВР Скопје-Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против  19-годишниот И.Р. и неговиот татко, 53-годишниот Р.Р. од Скопје, за “насилство“. Од страна на Судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено, на 15-ти овој месец околу 21 часот и 30 минути на улицата „Аврам Писевски“, во скопски Чаир, на влезната врата од домот на оштетените, пријавениот И.Р. заѕвонил на ѕвончето, и откако вратата ја отворила односно мајка, И.Р. го побарал нејзиниот син. Истиот, се појавил на влезната врата заедно со татко му, при што го виделе насилникот кој во рацете имал дрвена палка и нож и таткото кој во раката имал чекан. Откако И.Р. им се обратил со зборовите - “вие ли женско ќе тепате“, заедно со Р.Р. физички ги нападнале.

И.Р. со нож му нанел неколку рани на таткото во пределот на градниот кош и абдоменот. Откако онападнатите ја заклучиле вратата, од страна на И.Р. и Р.Р. биле искршени и парчиња стакло од влезната врата.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, беа извршени проверки во Ургентен Центар при Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје - во врска со видот и карактерот на повредите, при што усмено им било појаснето дека оштетениот (татко) се има здобиено со тешки телесни повреди  - три убодни рани во пределот на градниот кош од левата страна, три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна, и дека се наоѓа во животно загрозувачка здравствена состојба, така што е задржан на КАРИЛ, додека кај другиот оштетен (син) се констатирани телесни повреди во вид на гребаници и расекотини во пределот на глуждот од левата нога. 

 
 
19.06.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега