Министерот Спасов во Дојран ќе отвори одделение за социјална заштита

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска во Дојран ќе го отвори Одделението за непосредна социјална заштита за подрачјето на оваа Општина.

Одделението ќе работи како посебна организациона единица на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гевгелија.

Сега граѓаните на побрз, поефикасен и поекономичен начин ќе ги остваруваат правата коишто им следуваат согласно Законот за социјалната заштита.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега