Откриен идентитетот на загинатите во сообраќајката на Партизанска

Две лица загинаа рано изутринава во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Во несреќата загинале возачот на такси возило „мерцедес“, 35-годишниот В.А. како и 37-годишната патничка К.С.

Полицијата информира дека несреќата се случила околу 3:30 часот кога возилото од засега неутврдени причини излетало од коловозот, удрило во жардинера и потоа во дрво.

Екипа на СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени во Судска медицина.

Се работи на целосно расчистување на случајот, како и на утврдување на тоа дали жената во возилото била патник, односно ги користела услугите на такси компанијата или била сопатник.

 
 
15.06.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега