Детали за хоророт на Партизанска: Загинаа две лица - глетката ужасна

Тешка сообраќајка се случи утринава на булеварот Партизански одреди. Како што јавува НОВА, во скопски Карпош се случила страшна несреќа во која учествувало такси возило Мерцедес, кое загубило контрола и завршило во едно од дрвјата на булеварот.

Според новите детали до кои дојде Пресс24, несреќата се случила во 3 часот и 54 минути утринава. Се слушнал силен тресок и вриштење, а според најновите информации загинале две лица, таксистот кој управувал со возилото и уште едно жеснко лице кое било сопатник во него.

Пожарникари ги ваделе телата на двајцата загинати.

Повеќе информации во текот на денот.

 
 
15.06.2016 - 10:12
Фото: 
НОВА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега