Нов начин на плаќање: Кредитните картички заминуваат во историјата, пристигнува револуционерниот прстен

 

Компанијата Виса развива нов начин на плаќање кој моментално го тестира, а се работи за плаќање за кое не се потребни банкноти, картички, екрани, батерии... туку само посебен прстен во кој е вграден чип, пишува Цнет.

Овој начин на плаќање Виса го креирала за да им помогне на спортистите на Олимписките игри, на кои таа компанија им е спонзор, а кои имаат вечен проблем со носењето на големи „куфери“. Поради тоа за купување им е потребен прстенот на Виса, чие користење е многу едноставно. За потврда на плаќањето треба само да го приближите прстенот до терминалот, без внесување на шифри и пинови, и сметката ќе биде платена. Овој прстен ќе го носат 45 спортисти, а од Виса напоменуваат дека ова е само дел од асортиманок кој го развиваат за иднината.

 

 
 
13.06.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега