Милионска кражба во Скопје

Тешка кражба се случила на улицата „104“ во „Попово мало“- село Стајковци во Скопје.

Како што информираат од полцијата, 50-годишниот А.Ф од Скопје  пријавил дека во периодот од 29.05.2016 година до 02.06.2016 година во точно неутврдено време, во неговата  куќа, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 31 800 евра, а причинета е материјална штета околу 2.000 денари.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист за околу 1.958.880 денари.

Имено,  сторителот  ја прескокнал ограда влегол во дворот, од скала која ја поставил на ѕидот и со употреба на погоден предмет делувал на прозорецот од горниот спрат на куќата, влегол внатре извршил пребарување, ги пронашол и одзел парите и  заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
11.06.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега