Цариниците запленија поголема количина дезодоранси и торби

 

Царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија 6.186 дезодоранси и 50 торби поради сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост на познати трговски марки.

Дезодорансите се пронајдени вчера при влез во Република Македонија во турски камион натоварен со збирна стока, наменета за фирма во Косово. Фактурната вредност на стоката изнесува 148 илјади денари, но доколку би се продавале како оригинал вредноста би достигнала над 60 илјади евра.

Претходно, цариниците на граничниот премин Ќафасан при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблички пријавено за влез во државата, управувано од македонски државјанин во кое патувал и албански државјанин, открија 54 торби со ознаки на познати  трговски марки. Вредноста на торбите, доколку би се продавале како оригинал би можела да достигне до 1.500 евра.

 

 

најчитано сега