Судењето за Дива Населба почна одново: Обвинетите тврдат дека не се терористи

О

По одложувањето денеска под силно полициско обезбедување конечно почна одново судскиот процес за хоророт кој во мај минатата година се случи во кумановската Дива Населба. Судењето почна од почеток откако судијката ги спои двата обвинителни акти, обвинението за „Дива населба“ и обвинението за случајот „Молња“.

И денеска во судницата како и претходно обвивнетите ги отфрлија обвинувањата и се изјаснија дека не се виновни за делата за кои се товарат. Тие негираа дека се терористи и се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинителот Наум Пановски кој на минатото судење зборуваше за тоа како обвинетите се инволвирани во нападот на Полициската станица Гошинце и во настаните во Куманово, го потврди тоа што го кажа на претходното рочиште.

Од друга страна, адвокатот Шасивар Исеини, кој е бранител на неколкумина обвинети, смета дека Обвинителството не може да се повикува на вештачење што го направило Министерството за внатрешни работи, односно, според него, истиот орган што ги тужи обвинетите. Тој побара не зависна институција да ги проследи настаните и разговорите ко исе сметаат за докази во случајот.

За потсетување, на 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. 

Убиени беа и десет лица од вооружената група.

 

 

 
 
06.06.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега