Го удирале, плукале и влечеле - Грци малтретирале вработен на "Лукоил"

Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот. Се работи за 35-годишниот Ј.А. кој бил удиран по главата и телото, по што го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.

Во 15 часот во полициската станица во Куманово, поради основано сомнение дека се сторители на нападот врз вработениот на бензинската пумпа „Лукоил“, се приведени и задржани грчките државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и  Т.В. (29).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
06.06.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега