Страшна сообраќајка кај Бигорски: Мајка и две близначиња во болница

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија. На регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 306“ со скопски регистерски таблици, што го управувала 45-годишната скопјанка Т.Н. и товарно возило влекач „Даф“ со дебарски таблици, управувано од 59-годишниот И.П. од Дебар.

Во страшниот судир кај Манастирот, скопјанката и 70-годишниот М.М. и нејзините две осумгодишни машки близначиња кои биле со неа во автомобилот, се здобиле со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во здравствените домови во Дебар и Ростуше, пренесени се на скопските клиники.

Полциијата врши увид.

 
 
02.06.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега