Немирна ноќ во Куманово

Немирна ноќ во Куманово. 38-годишниот Г.Г. и 37-годишниот Д.М. од Куманово заработија кривична за нанесена тешка телесна повреда. Тие по расправија на едно лице му нанеле тешка телесна повреда удирајќи го со тупаници по главата и телото.

Исто така, поднесена е кривична пријава против двајца шеснаесетгодишници и еден седумнаесетгодишник од Кумановокои на улицата „Октомвриска револуција“  со употреба на физичка сила го нападнале 19-годишниот М.Б.удирајќи го со тупаници по телото.

Насилниците ќе одговараат за делото.

 
 
01.06.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега