Врховен суд: Организирањето на судењето за „Дива Населба“ не е во наша надлежност

Судското рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ е одложено за 6 јуни, откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата. Врховниот суд преку соопштение ја откри причината за одложувањето на судењето. 

 -  Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое се одржува во Свечената сала на Врховниот суд на Република Македонија, дадена на привремено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од 6 месеци, со одлука на Владата на Република Македонија, стои во соопштението. 

По соопштението на Врховниот суд се огласи и Кривичниот суд.

-  По добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ, така што на ден 27.5.2016 година, во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно  зошто Врховниот суд не го испочитувал договоренотом стои во соопштениео. 

Во салата денеска влегоа обвинителите во процесот и обвинетите.

Покрај  адвокатите, влез во Врховниот суд не им беше дозволен и на новинарите кои го следат процесот.

 
 
31.05.2016 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега