Судот пресече: Чауш доби две ипол години затвор

Судот денеска ја донесе пресудата за Захир Бекири Чауш за "Фабриката за лични документи". Браќата Бекири кои се товареа за фалсификување на лични карти и документи добија затворски казни. Чауш ќе лежи две ипол години во затвор, додека неговиот брат, Имер ќе помине една година во затвор.

Право на жалба на пресудата имаат двете страни. Додека траат правните процедури браката ќе бидат на слобода, со оглед на тоа дека Судот им го укина притворот.

За потсетување, Чауш стана познат во јавноста како организатор на Фабриката за афери на СДСМ. Важи за близок човек на Зоран Заев, а лидерот на СДСМ во повеќе наврати призна дека тој е член на СДСМ со кого имал соработка. Во јавноста се појавија и фотографии на Заев со Чауш направени во централата на СДСМ на Бихаќка.

Во претресот на домот на Чауш во декември минатата година беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, а кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување лица од бизнис­ секторот и од политичката сцена во земјава. Чауш, како што покажа истрагата, бил во честа комуникација и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и со техничкиот министер во МВР од редовите на опозицијата – Оливер Спасовски.

Подоцна, во рамките на истрагата во нови претреси на седум локации во Скопје и во околината беа најдени неколку парчиња оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација со лични податоци на граѓани.

 
 
31.05.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега