Претседателот Иванов во текот на оваа недела ќе го прими Давитковски

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во текот на оваа недела ќе се сретне со претседателот на Комисијата за настаните од 24 декември во Собранието, Борче Давитковски, кој си поднесе оставка.

Се очекува Давитковски на Иванов да му ја достави оставката од претседателското место на Комисијата откако не беше постигнат договор за извештајот со препораки за ланските настани пред и во Парламентот. 

Инаку, иако беше иницирана средба на членовите на Комисијата за таа да продолжи со работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште во текот на минатата недела, таа не се случи. 

најчитано сега