Бесими: Комисијата за 24 декември да продолжи со работа

 

Формирањето на Анкетна комисија за настаните од 24 Декември, која ќе ги разгледа околностите кои доведоа до тие настани и ќе подготви објективен извештај е еден од основните аспекти на политичкиот договор од 1 Март кој се постигна со посредство на Европската Унија.

Составот на Комисијата беше утврден со консензус меѓу засегнатите политички фактори и изминатиот период Комисијата работеше постојано со цел во најкус можен рок да се подготви Извештајот. Ова беше поздравено и од Европската комисија како позитивен сигнал и волја да се идентификуваат причините кои доведоа до настаните од 24 Декември и соодветно да се адресираат.

 

Сметам дека е од суштинска важност за процесот на европска интеграција прекинот во работата на Комисијата кој резултираше по оставката на претседателот на Комисијата, да се надмине во најкус можен рок и Комисијата да продолжи со својата работа, бидејќи истата ќе биде предмет на оценување од страна на Европската комисија во есенскиот Извештај за напредокот на Република Македонија и доколку не покажеме напредок во оваа насока тоа може негативно да се одрази во оценката која ќе ја добиеме во делот на политичките критериуми.     

(Интегрален текст од изјава на Фатмир Бесими, Вицепремиер за европски прашања)

најчитано сега