Со американски грант ќе се реконструира Здравствениот дом во Гевгелија
Со американски грант што го одобри Одделот за цивилна соработка на Армијата на САД како резултат на поддршката од американската амбасада во Скопје, ќе се реконструира Здравствениот дом во Гевгелија, поточно детскиот оддел.
- Покрај поткровјето предвидено е целосно реновирање на внатрешноста на објектот со нови инсталации, под, прозорци, врати, како и фасадата согласно стандардите за енергетска ефикасност, рече финансискиот директор Александар Атанасов.
Се очекува наскоро да се распише и тендер за избор на изведувачот.
Реконструкцијата ќе се одвива во наредните шест месеци.
ФОТО: Региони.мк