Брз и едноставен рецепт за најпознатиот велигденски милиброд

 

Милибродот е неизоставен дел од празничната, велигденска трпеза. Ако сакате повторно да го доживеете мирисот од детството и да создадете прекрасна, ароматична атмосфера во домот, вреди да го пробате овој рецепт.

Потребни состојки:

– 1 килограм брашно
– 3 јајца + 2 жолчки
– 250 г шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– изрендана кора од 1 лимон и 3 портокали
– 1 свеж квасец
– 250 г путер
– 5 дл млеко
– неколку зрна сол

Подготовка:

Во длабок сад загрејте 1 дл од млекото, па додадете 1 лажичка шеќер, 1 лажичка брашно и промешајте го квасецот. Оставете ја смесата да нарасне, покриена со кујнска крпа. Брашното истурете го во длабок сад и оставете го на собна температура. Изматете ги јајцата и жолчките додека не добиете пенеста смеса, а потоа во неа додадете шеќер, ванилин шеќер и повторно изматете.

На крајот, кога кристалите од шеќерот ќе се стопат, додадете ја кората од лимон и портокали. На тивок оган растопете го путерот. Прво смесата од јајца и шеќер додаете ја во брашното и добро промешајте, а потоа додадете го и растопениот путер. Додајте малку сол, дотурете го квасецот и мешајте неколку минути. Постепено, додавајте го и млекото. Смесата оставете ја на топло, покриена со крпа додека не нарасне двојное. Тогаш можете да ја измесите. Тестото може да го обликувате по желба, но не заборавајте да оставите простор за свежо боените јајца. Печете 30 минути на температура од 150 степени, на тава покриена со мрсна хартија. Во меѓувреме направете сируп од 1/2 децилитри вода и една голема лажица шеќер. По 30 минути печење, премачкајте го тестото и вратете го да се допече уште 10 минути. Милибродот изладете го и украсете го по желба.

 
 
27.04.2016 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега