Посни палачинки без зејтин
Заблуда е дека палачинките не може да бидат посни. Прочитајте го овој Gotvi.mk рецепт за посни палачиники и уживајте во брзината на готвењето :-)
Состојки:
1 шолја брашно
1 шолја вода
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
Начин на подготовка:
Во сад ставете ги сите состојки и мешајте со миксер додека смесата не се изедначи, односно додека не се разбијат грутките.
Печете со малку масло за готвење. Доколку постите без зејтин, печете ги палачинките во тавче во кое пече без додавање на масло за готвење.
Сервирајте со мед и ореви, мармалад или направете ја во посна солена варијанта со многу зеленчук.
Повеќе посни рецепти прочитајте тука:http://gotvi.mk/category/%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B5/
Преземено од:www.gotvi.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа