Барса му го честиташе 800-от гол на Кире Лазаров во нивниот дрес
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се врати на терените многу порано од очекуваното и тоа на голема врата. Иако имаше мала минутажа на денешниот натпревар од 25. коло против Бенидорм, македонскиот интернационалец го постигна 800. гол во АСОБАЛ. Ова фантастично остварување го реализираше уште двапати и тоа во Атлетико Мадрид и на Сиудад Реал.
Во мечот во кој каталонскиот гигант апсолутно издоминира над противникот, Лазаров беше стрелец на два гола, еднаш од седум метри и еднаш со удар од девет метри. Барселона победи со 33-18 (15-10) и е сè поблиску до одбрана на титулата.
На Лазаров му беше предвиден принуден одмор од две недели поради повреда на коленото која ја заработи во Гдањск, а со тоа се очекуваше да се врати на теренот на двомечот со Кил во рамки на ракометната Лига на шампиони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа