ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите обиди да се повредуваат индивидуалните права
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите обиди да се повредуваат индивидуалните права, дури и кога тоа се прави под превезот на наводен револт на студентите, се вели во нивното соопштение.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што деновиве и се случува на професор Тања Каракамишева на Правниот факултет е класична дискриминација и насилство врз неа само заради искажано сопствено професионално мислење и сопствен став.
Професорката Каракамишева е жртва на закани и навреди, само заради тоа што не го зборува тоа што неколкумина студенти сакаат да го слушнат. Професорката Каракамишева е насилно попречувана во својата работа, само заради тоа што говори различно од професорите Фрчкоски и Павлова-Данева.
Уште пострашно во целата ситуација е тоа што Деканот на Правен факултет, Борче Давитковски неколку дена не презема ништо и не постапува по барањата на професор Тања Каракамишева за да и бидат овозможени услови за работа како и на останатите професори.
ВМРО-ДПМНЕ апелира Деканот Давитковски да покаже дека е недозволиво некој да биде дискриминиран и навредуван само заради искажан став кој не им се допаѓа на малкумина. Тоа е негова обврска и кон професорите, но и кон сегашните и идни студенти на Правниот факултет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа