Похован кашкавал

 

Една од првите асоцијации кога ќе се спомне похован кашкавал најчесто е свадба :-) Сепак, овој деликатесен рецепт можете многу едноставно да си го подготвите дома или кога ќе ви дојдат гости на ручек.

Потребни состојки:

400 гр мешан тврд кашкавал

2 јајца

4 лажици брашно

4 лажици лебни трошки

масло за јадење

 

Начин на подготовка:

Кашкавалот го сечеме на 4 парчиња по отприлика 100 грама.

Јајцата се матат со 1 лажица вода.

Секое парче кашкавал се потопува најпрво во вода, потоа убаво се поминува од сите страни во брашно, следно во јајцата и на крај во лебни трошки.

Приготвените парчиња се оставаат во фрижидер 2 часа да се стегнат.

Ги пржиме во сад со загреано масло. Откако ќе се испржат, се ставаат на салфетка да се впие вишокот на масло

Се сервираат со тартар сос и парчиња лимон.

 

Рецепт за брзи домашни пирошки со зденка и маслинки прочитајте тука: 

 
 
14.04.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега