Македонија во последниот „шешир“ за Европското првенство за јуниори

 

По завршувањето на квалификациите за Европското првенство за ракометари до 20 години ЕХФ ги одреди четирите „шешир“ во кои се распределени 16-те репрезентации учеснички. Македонската селекција која на квалификациите заврши на второто место во групата во Швајцарија е рангирана во четвртиот „шешир“ заедно со селекциите на Шведска, Полска и Русија. Тоа воедно се репрезентации против кои нема да играме во групата во првата фаза.

Во првиот „шешир“ се наоѓаат фаворитите: Франција, Унгарија, Шпанија и Данска (домаќин).

Во вториот „шешир“ се репрезентациите на: Германија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Во „шеширот“ број 3 на извлекувањето се репрезентациите на: Хрватска, Србија, Холандија и Словенија.

Извлекувањето на групите ќе се одржи во среда на 13.април.

 
 
11.04.2016 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега