Потврдено: Бебето од Дојран нема вирус Зика

Бебето од Дојран нема вирус Зика, потврдија испитувањата направени во лабораторија во Германија.

Иако лекарите се сомневаа дека постои можност бебето да има вирус Зика, резултатите се негативни. Кај бебето не било пронајдено ниту присуство на вирусот Денга.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова истакна дека анализите кои се  направени во Македонија,  потврдуваат  дека не станува збор ниту за  рутински вируси кои знаат да направат микроцефалија .

Се претпоставува дека аномалиите кај бебето се предизвикани од вирус настанати уште во првите 3 месеци од бременоста на мајката.

 
 
06.04.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега