Богов за ТВ НОВА: Политичките случувања негативно се одразуваат врз економијата

Политичките случувања негативно се одразуваат врз економијата. Затоа од ислучителна важност е да немаме неизвесност, оти политичката криза го зема својот данок, вели во  ексклузивно интервју за ТВ Нова, гувернерот на Народната банка Димитар Богов.

bogov-tvnova

-Политичката  ситуација  влијае врз економијата.  Минатата година политичката криза си го зема својот данок. Очекувавме економски раст од над 4 %, а завршивме со 3,7% . Годинава очекувањата се дека трендот на раст ќе продолжи, но останува да видиме согласно со резултатите од проекциите. Верувам дека и годинава ќе платиме одреден данок од политичката нестабилност, изјави гувернерот на НБРМ.

Во однос на состојбата  во македонската економија, Богов истакна дека денарот е  стабилен, економскиот раст умерен,  инфлацијата ниска, а  надворешно трговската размена се подобрува. Конкурентноста на македонската економија се подобрува со структурни реформи.  Во однос на апелот упатен од компанииите , деловните банки засилено да кредитираат,  гувернерот истакна дека  со стапка од 7 % минатата година, Македонија имала  највисока стапка на кредитен раст во регионот и еден од највисоките во Европа.

–Вкупната стапка на кредитен  раст е 9- 10  %, во последните две години  и тоа е солиден раст . Ние  не можеме да очекуваме дека ќе се врати она време пред 2008 година кога кредитниот раст изнесуваше 30% , тие години засекогаш заминаа. Ние треба да бидеме задоволни  со стапка на кредитен раст од 10- 15% , и тоа е нормална стапка  на кредитен раст , која  што нема да направи меури кои ќе создадат криза.  Народната банка  во изминатите години презема некои мерки, не можеме многу, но можеме нешто да направиме.  Овозможивме ослободување на банките од задолжителна резерва  за извозници и за фимрите кои што произведуваат енергија. Тоа се  некои стимули  кои што им ги даваме на банките за да  кредитираат сектори кои се значајни за нашата економија. Ги стимулираме банките,   но тие треба да водат сметка за кредитнииот ризик. Банките имаат доволно средства но тие треба  да се  извлечат  со подобри бизнис планови и инвестициски проекти од страна на домашните компании, заклучи тој.

 
 
05.04.2016 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега