ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ е платен од парите на граѓаните и е должен да одговори на овие прашања

Саша Богдановиќ е платен од парите на граѓаните и е должен да дава одговори на јавноста. А има многу за што да одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

sasa-bogdanovik

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Дали Саша Богдановиќ вчера го вработи Јон Фрчковски, синот на Љубомир Фрчковски во јавното претпријатие ПОЦ? Дали Јон фрчковски е истакнат член на СДСМ како актуелен претседател на СДММ Центар или позицијата ја заслужи неговиот татко со навредите и омаловажување на сопствениот народ во своите колумни?

Дали Саша Богдановиќ ја вработи Катерина Иванова Бекири, сопруга на Чаушот, човекот кој за СДСМ ја креираше Фабриката за афери и фалсификати?

Дали Саша Богдановиќ во ПОЦ го вработи Александар Цветановски Бабуш, бивш советник на СДСМ во оптшина Центар? Или можеби тој не е истактат партиски член и активист?

Дали Саша Богдановиќ во ПОЦ го вработи Фјодор Доброхотов, поранешен претседател на ОО СДСМ Центар? Дали овој човек го вработи бидејќи е истакнат активист или затоа што му звучел како писател на руски класици?

Дали Саша Богдановиќ во ПОЦ ја вработи Кети Штерјова, поранешна советничка на СДСМ во општина Центар?

Овие и уште десетици други лица Саша Богдановиќ ги вработи заради нивната партиска книшка од СДСМ. Исто како урнекот кој им го постави нивниот лидер Зоран Заев кој вети дека ќе партизира од чистачка до министер, и сето тоа ќе мине со амин на партиските кадрови комисии.

Се ближи 5 јуни и народот тогаш ќе ја изрече својата казна за оваа криминална банда наречена СДСМ. Ако Богдановиќ сега молчи на прашањата, после 5-ти јуни и Богдановиќ и многу други негови пајташи од СДСМ ќе треба да одговараат вака или така.

 
 
05.04.2016 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега