Стружани направија голем проблем во Тирана

Двајца стружани се уапсени вчера во Тирана поради шверц на дрога. Во операцијата со кодно име „Струга“, албанската полиција ги уапсила 28-годишниот Антонио Ручи и 45-годишниот Зулфи Адеми, двајцата родени и со место на живеење во Струга.

Според медиумите во Тирана, тие се осомничени дека биле дел од нарко мрежа за препродавање кокаин и марихуана во Албанија.

Македонските државјани биле уапсени во автомобил мередес бенц со македонски регистарски таблички.

Освен нив, приведен е и 27-годишен албански државјанин.

При претресот на возилото биле пронајдени 100 грама кокаин и 10-ина грама канабис сатива.

 

 

 
 
24.03.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега