Јанакиески: Расте бројот на станбени згради управувани од лиценцирани управители

 

Во последнава половина година значително е пораснат бројот на станбени згради кои се управувани од лиценцирани управители, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Според податоците од последниот попис во Македонија, во државава имаме 10.000 станбени згради од кои помалку од 50 проценти се управувани согласно Законот за домување.

-Согласно податоците, вкупниот број на станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува 4.577. Има регистрирано 2.968 заедници на сопственици и 1.609 згради кои се управувани од лиценцирани управители, посочи Јанакиески, и додаде дека општините треба да востановат регистри на станбени згради и станови, регистри на управители, но и да назначат инспектори за домување за целата постапка да се одвива без проблеми.

ФОТО. Влада

најчитано сега