Паста со морски плодови
Нешто различно, а многу вкусно. Одлична промена во исхраната, а истовремено и разноврсен посен оброк.
Потребни состојки:
500 гр макарони
500 гр морски плодови
1/2 шолја бело вино
1 чешне лук
магдонос
цеден лимон
масло за готвење
Начин на готвење:
Макароните ги ставаме да се варат во веќе зовриена вода околу 15 мин и потоа ги процедуваме. Ако постите или се храните вегетаријански проверете го составот на ќесичката дали тестенините се посни.
На загреано масло ги пржиме морските плодови околу 5 минути.
За поубав и посочен вкус во тавчето ги додаваме виното магдоносот и лукот
На крај ги мешаме тестенините со морските плодови и ги полеваме со исцедениот лимонов сок.
За повеќе превкусни Gotvi.mk рецепти кликнете на линкот: http://gotvi.mk/2016/03/21/pasta-so-morski-plodovi/
Превземено од: www.gotvi.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа