Животот со болки по тешка скршеница станува минато - вградена првата инверзна тотална протеза од трета генерација

На 72-годишна старица со интрартикуларна скршеница на рамото и е вграденан првата инверзна тотална протеза од трета генерација на Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“.

Се работи за прва и комплицирана операција од овој вид во Македонија која ја изведе тим предводен од Виктор Камиловски, хирург-трауматолог. 

Како што посочува тој поради развојот на медицинската биотехнологија, животот без болка и слободното движење после тешки скршеници на рамениот зглоб станува реалност.

- Ако до пред неколку години пациентите со тешки скршеници во предел на рамото остануваа инвалиди, врзани за постела и беа  осудени до крајот на животот на болка сега со овие протези (вештачко рамо) кои постојано се усовршуваат ќе можат нормално да функционираат обавувајќи ги своите секојдневни функции. Нешто слично како кај машините или роботите кога еден оштетен дел се заменува со нов, истакнува Камиловски.

- Ова за пациентите во Република Македонија ќе значи огромна предност пред се бидејќи сите трошоци на здравствените осигуреници ги покрива Фондот за здравствено осигурување, а од друга страна нема да бидат изложени и на дополнителни трошоци и да патуваат во странство во некој европски центар, додава Камилоски. 

најчитано сега