Вардар без Горбок и Лазаров на мегдан со Висла
Познати се составите за вечерашниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Висла во Плоцк со што започнува осминафиналната фаза во елитното натпреварување.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес се одлучи во составот да вклучи тројца голамни, а ќе ги нема повредените Сергеј Горбок и Филип Лазаров.
Вардар ќе настапи со следниве ракометари: Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Домаќините го пријавија следниот состав: Коралес, Вихари, Дашек, Де Толедо, Јонеа, Квјатковски, Монторо, Никчевиќ, Пушица, Ракотеа, Роча, Тарабокја, Вишњевски, Житников.
Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.
„Црвено-црните“ најавија голема борба за остварување што поповолен резултат пред реваншот во Скопје закажан по десет дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа