Скопјанка потресена се јавила во полиција: Доживеала драма на улица
Во 20 часот на улицата „Даме Груев“ во Скопје, од страна на непознат сторител извршено е разбојништво на 44-годишната С.С. Според податоците од полицијата, наскопјанката и бил одземен еден ранец во кој имало паричник со сума на пари од околу 3.000 денари, документи и два мобилни телефони. Насилникот разбојништвото го извршил на тој начин што откако и пришол од зди грб на жената, со употреба на физичка сила ја бутнал на земја од што истата се здобила со повреда на десното рамо и го одзел ранецот по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со 25.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа