Ставревски: Македонија се афирмира како држава со добри услови за водење бизнис

 

Денеска владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски ја завршува посетата во Велика Британија. Денеска беа претставени можностите за инвестирање во државава пред бизнисмените во Лондон.

Ставревски во телефонски разговор за Курир вели дека е задоволен од интересот на англиските инвеститори.

- Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на инвеститорите во Англија. Македонија се повеќе се афирмира како држава во која што има добри услови за водење на бизнис, а посебно беше атрактивно даночното ослободување и ниските даноци што ги даваме за фирмите кои што инвестираат во слободните економски зони. Можам да кажам дека беше кажано дека вакви услови нема во ниедна друга земја во Регионот и дека врз основа на тоа Македонија станува интересна за англиските инвеститори кои што, дел од нив, се разбира, сакаат да најдат поевтини дестинации за својот бизнис каде што ќе имаат пониски трошоци, рече Ставревски во изјава за Курир.

Во состав на делегацијата, покрај вицепремиерот Ставрески се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

најчитано сега