Лидерот на СДСМ на средба со албанскиот амбасадор во Македонија
Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Арбен Чејку.
При нивниот разговор, двајцата соговорници најголемо внимание посветиле на зголемување на економската соработка меѓу Албанија и Македонија и можностите опозицијата да влијае на продлабочување на односите и на ова поле.
На средбата се разменети мислења и за билатералната соработка во насока на меѓусебно помагање во однос на евроинтегративните процеси.