Ноќна мора за професорите: Во продажба часовници за препишување на испит
На интернет продавниците се повеќе се продаваат паметни часовници кои се рекламираат како “часовници за полесно учење“, односно за поуспешно препишување.
Часовниците кои се продаваат кои се продаваат на Амазон се мал дел, затоа што е во прашање голем пазар, оа овие уреди, освен што помагаат во лажење, претставуваат и ноќна мора за професорите, вели Џо Сидерс, заменик директор на средно школо во Бат, Англија. Тој вели дека со ваквите часовници лесно се лаже, затоа што имаат копче за итни случаји, односно со еден клик, место текст за препишување ќе се покаже точното време, така што професорите тешко ќе може да ги фатат учениците.
Во зависност од моделот, овие часовници имаат 4 или 8 гигабајти меморија, на нив може да собере голема количина, текстови, слики и видеа, а некои се продаваат и со минијатурна слушалка, за уште полесно лажење на тестовите. Освен учениците, Џо смета дел од кривицата сносат и он-лајн продавниците, кои овие часовници ги рекламираат како часовници за препишување. Така што веќе ни резултатите на испитите не може да се сметаат за веродостојни.
Тој се надева и дека ќе има се повеќе медиумско внимание за овој проблем. Во некои школи и факултети во текот на испитот забрането е носење часовници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа