Се реконструира доводниот тунел на ХЕЦ Пена
ЕВН Макдонија од 22 јули до 15 август ќе го реконструира доводниот тунел во Хидроелектричната централа Пена. Целокупниот дотек на водата од реката Пена ќе се испушта преку преливниот орган во природното речно корито, во согласност со сите законски и еколошки мерки.
Санацијата на 25 години стариот доводниот тунел на ХЕЦ Пена е инвестициски проект на ЕВН Македонија со кој ќе се зголемат квалитетното и континуираното производство и снабдувањето на локалното население со електрична енергија.
Компанијата апелира локалното население внимателно и со избегнување на можни опасни ситуации да го користи потегот на природното течение на реката. Иако не се очекува зголемување на нивото на водостојот на Пена, сепак, движењата и активностите на граѓаните на овој потег треба да бидат ограничени.
ФОТО: Булд