Акција на МВР: Полицијата влезе во струмичкиот огранок на СДСМ

 

Полициска акција во штабот на општинската организација на СДСМ во Струмица. Како што јавуваат медиумите под контрола на опозицијата, утрово, полицијата по налог на Обвинителството за организиран криминал повикала на распит неколку лица од општинското раководство под сомнение за изборни нерегуларности и поткуп на локалните избори во оваа општина.
Во акцијата, според истите извори биле одземени и некоклу компјутери кои ги користела партијата.
Информацијата за опозициските медиуми ја потврдиле и од општианта.

 
 
03.03.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега