Одложено рочиштетот за случајот „Поткуп“

Зафатеноста на адвокатите на Заев беше причината поради која денеска повторно беше одложено судското рочиште за случајот „Поткуп“ кој се води против лидерот на СДСМ.

Во судницата се појави обвинетиот и обвинетиот но поради отсуство на бранителите рочиштето се презакажа за 21 април.

Судијата рече дека адвокатите Медарски и Андреев го известиле судот дека нема да можат да присуствуваат на рочиштето поради патување во странство.

Заев во изјава за медиумите рече дека на следното рочиште ќе се појават во полн состав и, според него, целиот случај е „комплетно местење“.

- Одбраната е смешна. Многу пати имам давано изјави за случајот „Поткуп“. Се работи за комплетно местење, кое верувам дека ѝ е познато на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање пари - изјави Заев.

 

Во овој случај на Заев му се суди за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на државно земјиште во Струмица.

 
 
03.03.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега