Министерката Јанкуловска во дводневна посета на Литванија

 

Министерката за внатрешни работи на Македонија,  Гордана Јанкулоска, ќе престојува во дводневна посета на Литванија.

Министерката Јанкуловска ќе биде дел од дводневен неформален состанок за правда и внатрешни работи.

Централни теми на сесиите, кои ќе се одржат под патронат на литванското претседателство со ЕУ, ќе бидат Сирија, миграцијата и компјутерскиот криминал.